Син на советничка од СДСМ во Центар стана раководител за јавни набавки во Општината

by fokus

Синот на советничката во Советот на Општина Центар Билјана Чурилова од СДСМ, Георгиј Чурилов е нов раководител на секторот за јавни набавки во Општината. Градоначалникот Саша Богдановиќ и советничката Чурилова за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека во случајот нема конфликт на интереси.

Градоначалникот Саша Богдановиќ денеска го назначи Чурилов да ги води јавните набавки откако Советот го изгласа неговото преземање како вработен од ЈП „Паркинзи Општина Центар“. Синот на советничката досега работел како раководител на сектор општи, правни и човечки ресурси во општинското претпријатие.

Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека нема конфликт не интереси со вработување на синот на советничката во секторот за јавни набавки.

Поврзани новости