Силувачот поради кој девојчето од „25 Мај“ заврши онесвестена во болница, го признал делото

by fokus

18-годишник од Велес со иницијали Е.Х. е силувачот на 12-годишното девојче, штитеничка на домот „25 Мај“, поради кој Р.И. во ноември заврши хоспитализирана во бесознание во Општата болница во Велес. Полицијата по четири месеци поднесе кривична пријава против него. Од МВР велат дека дури сега е расчистен случајот и дека претходно се трагало по сторителот.

Од МВР додаваат дека силувачот го признал делото.

„СВР Велес по доставено барање до надлежното ОЈО за писмена наредба за вршење преглед врз детето, презеде мерки и активности при што беше идентификуван сторителот Е.Х., кој што во рамки на документирањето на случајот го призна делото и потврди дека имал полов однос со малолетничката, штитеничка на ЈУ за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми“, велат од Министерството.

Инаку, ова е еден од бројните сексуални напади врз Р.И. додека била штитеничка во домот. Таа пред неколку дена абортираше, како последица на половите напади врз неа. Постојат сомневања дека била жртва на трговија со луѓе. Во Општата болница во Велес била хоспитализирана во бесознание на 13-ти номеври 2017 година.

Поврзани новости