Си наточил нафта за домаќинство од резервоарот на амбуланта во Арачиново

by fokus

Медицинска сестра од амбулантата во Арачиново пријавила кражба на нафта за домаќинство од резервоарот. Според информации од полицијата кражбата ја извршило лице чиј идентитет се уште не е познат.

Наводно помеѓу петокот и понеделникот непознат сторител со употреба на сила влегол во подрумите на Здравствената станица во Арачиново. Таму тој демонтирал едно црево на резервоарот и си наточил околу 200 лирти нафта за домаќинство.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

Поврзани новости