Швајцарски весник: Никола Груевски – малиот диктатор

by Фокус

Швајцарскиот весник „НЦЦ“ во текстот Никола Груевски- малиот диктатор“ пишува дека премиерот, кој е на власт од 2006 година, во земјата „инсталираше полуавторитарен режим“. Во тоа, според весникот, му помага грчката политика на блокада.

„Кога во Брисел и во европските главни градови станува збор за Западниот Балкан, Македонија е ретко тема.(…) За меѓународните медиуми Македонија е црна дамка. Само монументалниот проект за обнова на градот ‘Скопје 2014’, еден вид национален тематски парк, одвреме навреме привлекува новинари во земјата: Овој обид да се скрои историски идентитет, предизвикува исмејување.

Скапи подароци

Напротив, Македонија е тема, дури школски пример, кога станува збор за трендот, кој политикологот од Грац Флоријан Бибер го опишува како ‘авторитарно искушение’ на Југоисточна Европа: слаби држави, чии институции се користени од владејачките партии, за да се згрижат приврзeниците и со перманентни кампањи идеолошки да се држат будни. Бидејќи медиумите се зависни од владата и правосудните органи се слаби, во јавниот простор во кој доминира државата опозицијата е успешно потисната на маргините. Овој модел во нијанси се етаблираше од Грција до Унгарија, од Србија до Романија во и вон ЕУ.

Она што Македонија ја чини специфична е консеквентноста со која премиерот Никола Груевски етаблираше авторитарна полудемократија. Од 2006 година тој е премиер (…) Неговото владеење почива на три потпори: една идеологија на закана однадвор и одвнатре, една хомогена историска слика за националната заедница како и ефикасна контрола на институциите и медиумите. Сето ова чини скапо, и токму тоа е Ахиловата пета на системот. Тој функционира само, додека послушниците материјално можат да бидат обезбедени. Во економски слабата Македонија долгорочно ова станува проблем.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк.

Поврзани новости