Шиповиќ го разобличува Жерновски

by fokus

Ја губил ли градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, поддршката од СДСМ пред локалните избори? Претседавачот на општинскиот совет, Мирослав Шиповиќ, кој до пред неколку години му беше десна рака, сега во фејсбук статус го разобличува неговото работење. Шиповиќ наведува неколку причини зошто на актуелниот градоначалник да не му се додели уште еден мандат.

„Како посветен грујовиста доаѓа на работа после 12 часот. Од самиот почеток набавките во Општина Центар се вршат според тендери и се уредно направени и изведени, ама со само еден понудувач, во наголем дел случаи. Си троши бесмислено за репрезентација и службени патувања. Од 2013 година до сега до денар ги има платено обврските за Скопје 2014, близу 500 милиони денари, а за другите проекти Општината должи околу милион евра. “, пишува Шиповиќ.

Жерновски веќе изјави дека поднел кандидатура до СДСМ за втор мандат и дека ја очекува нивната поддршка, па останува партијата да одлучи. Во трка се два можни кандидати на социјалдемократите. Се погласни се шпекулациите дека довербата за градоначалник на Центар на локалните избори ќе ја побара и директорот на јавното претпријатие „ПОЦ“, Саша Богдановиќ

Шиповиќ беше обвинет во случајот „Машинопромет“ поради што одлежа неколку месеци во притвор. По излегувањето значително се заладија неговите односи со Жерновски.

Поврзани новости