Фактот дека Никола Груевски е единствениот којшто можел да го добие Митко Чавков во моменти кога никој во оваа држава не можеше да го добие, фактот дека тој добро опишува како може да биде извршено убиство, говори само за тоа дека токму Никола Груевски стои зад овој инцидент, истакна денеска пратеникот Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде и дека е очигледно непостапувањето на Обвинителството и МВР, при расчистувањето на насилството.

-Сега за сега, срамно е поведението и на МВР, меѓутоа и на државното Јавно обвинителство како најодговорна институција во овој момент. Во секој друг случај, и вие и јавноста се сеќава, дека сите, или голем дел од лицата инволвирани во овој акт на насилство и тероризам во Собранието на Република Македонија, ќе беа и снимани и сликани и ќе им беше одредена мерка притвор од страна на судовите.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.