Шилегов: Разрешувањето на Зврлевски ќе донесе правда и правичност за сите

by fokus

Разрешувањето на Марко Зврлевски го означува почетокот на реформите во судството, кои што ќе донесат правда и правичност за сите, изјави Петре Шилегов од СДСМ по разрешувањето на јавниот обвинител.

-Ова е прв чекор кон создавање независен и професионален судски систем, наспроти селективната правда и монтираните судски процеси што ги инсталираше раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Реформите во судството, што се предвидени со Планот 3-6-9, ќе обезбедат правосуден систем кој ќе биде еднаков и правичен за сите, рече Шилегов.

Тој додаде дека Македонија конечно повторно ќе се врати во друштвото на демократските земји каде што владеат законите и правото, нема веќе „сваровски“ судии, нема веќе кривични процеси по нарачка, нема веќе закани, нема веќе сеење страв, а во Македонија почнува да владее правдата.

 

 

Поврзани новости