Шилегов: Постои сомнеж дека на „Дрисла“ се горел радиоактивен отпад

by fokus

Постојат сериозни индиции за огромна криминална активност и за сериозна кривична одговорност на многу лица за работењето на „Дрисла“, севкупното работење, но и со загадувањето на Скопје, изјави градоначалникот Петре Шилегов во интервју за ТВ24.

Италијанскиот стратешки партнер во „Дрисла“ е 80 проценти сопственик, градот е 20 отсто сопственик и тоа со одлука на претходниот Совет на Град Скопје. Но, според фактичката состојба, капиталот на градот, според сите вложувања е 2.000.000 евра, а фирмата на стратешкиот партнер тежи 10.000 евра. Сопственоста тебала да се зголемува согласно вложувањата, но според досегашните сознанија, тоа не е случај. Шилегов во интервјуто за ТВ24 зборуваше и за загадувањето предизвикано и од „Дрисла“, вклучително и согорувањето на увезен отпад.

Постојат шпекулации дека има радиоактивен отпад и тоа е предмет на анализа на повеќе институции. Проблемот со „Дрисла“ ќе биде решен многу брзо. Се истражува и финансиското работење, но и дали, кој и како го труел Скопје изминативе години Скопје, рече скопскиот градоначалник Шилегов.

Поврзани новости