Шилегов: Одбивањето на СЈО значи дека ВМРО-ДПМНЕ има што да крие

Незадоволството на ВМРО-ДПМНЕ од Специјалниот јавен обвинител очигледно произлегува од тоа дека тие имаат што да сокријат и очигледно е дека нивното одбивање значи страв и прикривање на вистината, рече денеска Петре Шилегов од СДСМ откако законските измени кои ги побара Катица Јанева не беа донесени.

-Во образложението на законот децидно беше кажано дека станува збор за Специјално обвинителство и за него се предвидени истите решенија кои што ги предвидува законот во кривична постапка за специјалното оделение за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и не постои разлика помеѓу тие обвинители, рече Петре Шилегов додавајќи дека специјалните делови од јавното обвинителство на Македонија за организиран криминал и за прислушуваните разговори треба да работат под истите законски решенија.

Тој рече дека не може СДСМ која е партија да се поистоветува со СЈО кое е државен орган избран од четирите политички партии.