Шилегов: Финансиската полиција да ги провери сите општини

by fokus

СДСМ поднесе пријава до финансиската полиција за да ги провери јавните набавки за превоз на ученици во сите општини во Македонија. Ова следува откако вчера, финансиски инспектори влегоа во општина Струмица.

-Власта во заминување преку Финансиската полиција спроведува нарачана, одмаздувачка мисија во Струмица и Куманово, општини раководени од СДСМ. Бараме Финансиската полиција јавно да ги објави резултатите од спроведената контрола.ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува институциите со намера да го сокрие криминалот во своите редови, на локално и централно ниво  – рече Петре Шилегов на денешната прес-конференција  на СДСМ.

Шилегов на крајот порача дека „гнездото на криминалот и корупцијата во Македонија е во раководството на ВМРО-ДПМНЕ”, а типичен пример за тоа бил битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Поврзани новости