Шеќеринска: Зошто излеговме со крвави глави, ако сите не спасувале на 27 април?

by Фокус

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска не сакаше да го коментира вчерашното тврдење на еден од обвинените за натаните во собранието на 27 април, Мунир Пепиќ, кој во своја одбрана истакна дека и помогнал на Шеќеринска да го напушти Собранието.

Таа истакна дека ќе ги сподели информациите на крајот на месецов, кога е поканета како сведок по предметот против човекот што и ја зададе најголемата повреда на главата.

-Навистина не можам да коментирам туѓи изјави, но испадна дека на 27 април сите не спасувале, а ние излеговме со крвави глави – рече Шеќеринска.

Поврзани новости