Шеќеринска: Треба да најдеме 100 милиони евра зашто ВМРО ги градеше автопатите без план!

by Фокус

Ќе градиме по план заради тоа што Македонија не може да се дозволи импровизации, порача министерката за одбрана и заменик-претседател на СДСМ, Радмила Шеќеринска, во обраќање пред жителите на Градско.

-Куќа кога гради некој од вас, па ќе викне некој кој знае како да го направи планот. Македонија 100 милиони евра ќе треба дополнително да најде за еден од автопатите, затоа што тргнале да прават автопат, а немале соодветен план. Свлечишта се појавуваат, тунелите не може да се ископаат. 100 милиони евра! Пола Македонија може да и ги решиме сите проблеми со водоснабдување и канализација со тие пари – рече Шекеринска.

Поврзани новости