Шеќеринска: Прво услови, па датум за избори

by fokus

Завршија уште едни билатералните средби на претставниците на четирите најголеми политички партии со посредниците од Европската Унија и од САД.

И овој пат, средбата немаше конкретен исход, но според партиите позитивно е што се преговара.

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска по средбата изјави дека е се уште рано да се зборува за техничка влада, а во фокус се прочистувањето на Избирачкиот список и законот за медиуми.

Таа потенцира дека она што прво мора да се договори е како ќе се исполнат условите, а дури потоа кој ќе биде денот на изборите.

– Ние сметаме дека Македонија може да добие избори во релативно краток период, кои ќе бидат фер и демократски. Изборите можеа да бидат дури и во април и во мај, меѓутоа немаше политичка волја – додаде Шеќеринска.

Поврзани новости