Шекеринска: Припадник на АРМ учесник во „крвавиот четврток“ пратен во Авганистан

by Fokus

Еден од припадниците на АРМ кој бил снимен од камерите како учесник во крвавиот настан, од своите надлежни бил пратен на служба во Авганистан, открива министерката за одбрана Радмила Шекеринска во својот отчет од првите 100 дена на Владата.

Таа вели дека се испитува и одговорноста на оние кои го испратиле војникот во Авганистан.

– Истрагата прво се однесуваше на лицата сторители учесници во насилството, меѓутоа исто така неопходна е истрага и на сите оние кои  го организираа. Одреден број на  податоци ги испративме  до МВР кои би требало да откријат  дали одредени високо позиционирани лица од Министерството за одбрана се обиделе да го сокријат од правдата во Р.М и овој војник праќајки го во Авганистан – истакна Шекеринска.

Поврзани новости