Шекеринска на средба со Бартол: Македонија е посветена на вистинско партнерство со НАТО

by fokus

Министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска денес одржа состанок со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија, Горазд Бартол.

Шекеринска изјави дека Република Македонија е посветена на вистинско партнерство со НАТО и дека зачленувањето во Алијансата е еден од клучните стратегиски приоритети на државата.

„За нас постојат три клучни елементи – реформските процеси во Армијата, поставени реално и со реални временски рокови, модернизацијата на Армијата, за што очекуваме и поддршка за овој процес од ваша страна и внатрешна реформа во однос персоналот, кој за нас е важно да покаже професионалност и да се ослободи од политика“, потенцирала министерката на средбата.

Шекеринска истакнала дека по Самитот на НАТО во 2008 година, политичката порака испратена до Македонија не беше добра, а потоа следеше и забавување во реформските процеси. Таа додала дека Република Македонија, сепак покажа дека има капацитет за промена и дека има способност да се врати на вистинскиот пат, соопштија од Министерството за одбрана.

Бартол потенцираше дека НАТО го враќа регионот на Западниот Балкан во фокусот и дека е посветен на развој на сите аспекти на соработка и поддршка на земјите од регионот.

Претставниците на Канцеларијата посочиле дека ако во 2008 за проблем за прием на Република Македонија во НАТО се сметаше спорот за името, сега земјите-членки на НАТО очекуваат Македонија да ги увери дека е на реформски пат.

Поврзани новости