Шекеринска: Ќе бараме помош од Меркел, тоа ќе стигне и до Атина

by fokus

Вицепремиерката Радмила Шекеринска во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека на претстојната средба со Ангела Меркел ќе побараат помош за влез во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ.

-Ќе бараме помош од Меркел за нашата крупна цел: влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Германија е строга во однос на прием на нови членки. За да бараме помош од Меркел, треба да излеземе со резултати. На седум месеци од изборот на Владата, премиерот Заев доби шанса за средба со Меркел. Тоа секако ќе стигне до Атина. Сепак, не треба да очекуваме дека Меркел е Супермен и ќе го реши проблемот, изјави Шекеринска.

Поврзани новости