Шекеринска: Како што вонредно го затвори, судот вонредно да го ослободи Кежаровски

by Фокус

„Судството ја понижува државата и срамно е што тоа се случува додека претседателот Иванов е во Катар на ракомет, а Груевски со свитата шета низ Индија“- рече Радмила Шекеринска при посетата на Гостивар.

„Вчерашната реакција покажува дека во Македонија судството е целосно политизирано и е претворено во инструмент на владејачката партија. Во Македонија во овој момент убијци, осудени убијци слободно шетаат по улиците. Во Македонија осудени криминалци се присутни во државни институции и ни кажуваат што и како треба да работиме. За сите нив важи некое друго правило, меѓутоа Томислав Кежаровски, експресно, ниту 24 часа откако беше објавена одлуката на судот, мораше итно да биде однесен в затвор. Томислав Кежаровски е веќе 20 месеци во притвор, што домашен, што во затвор. И тоа покажува дека власта нема намера да слушне ниту еден од апелите што доаѓаа и од меѓународната заедница ниту од внатре, во државата.“- изјави Шекеринска.

Таа го повика судот итно да се состане и да го ослободи новинарот.

„Затоа повикуваме, кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 да се состане вонредно, како што и вчера работеа вонредно во доцните часови, и да донесе одлука за условен отпуст и Томислав Кежаровски уште денеска илДодекаи утре биде пуштен на слобода. Во Македонија, јавно кажаниот збор стана ризик. Ние со тоа не се согласуваме. Ако власта смета дека со ваквото експресно праќање на Томислав Кежаровски во затвор ќе ја претвори Македонија во уште потивка земја сакаме да им порачаме дека се излажале. Ваквата одлука само уште повеќе не зацврсти во нашиот став дека со сите сили и со сите инструменти ќе се бориме во Македонија да се врати слободата и демократијата. Затоа ги повикуваме сите граѓани да не седат настрана туку да се спротивстават на ваквото дивеење на власта. Да застанат во одбрана на слободата, и на новинарите, и на секој од нас поединечно.“- порача Шекеринска.

Поврзани новости