Шекеринска ја ангажираше поранешната уредничка на „Утрински весник“, Соња Крамарска во Министерството за одбрана

by fokus

Поранешната уредничка на „Утрински весник“, Соња Крамарска, е хонорарно ангажирана во Министерството за одбрана, потврдија од таму за „Фокус“. Како што велат од Министерството, Крамарска е ангажирана со Договор на дело, а со цел зголемување на капацитетите на Министерството во делот на односите со јавноста.

„Фокус“ се обиде да добие изјава од Крамарска, но таа не упати да се обратиме во Министерството.

-Не сум портпарол, а што работам официјално обратете се во Министерството за одбрана – рече таа.

Од Министерството на Радмила Шекеринска додаваат дека нејзиното ангажирање е согласно заложбата на Министерството за зголемена транспарентност и отчетност пред граѓаните на Република Македонија.

„Имајќи предвид дека Крамарска има долгогодишно искуство во некои од најреномираните медиуми, сигурни сме дека нејзиниот ангажман ќе придонесе во отворањето на Министерството кон јавноста, што е и наш приоритет“, ни одговорија од таму.

Поврзани новости