Шекеринска: Груби изгледа е голем оптимист, договор за името нема

by fokus

Вицепремиерката Радмила Шекеринска во вечерашното интервју на ТВ 24 коментирајќи ја изјавата на Артан Груби дека постигнат е договор за името, рече дека далеку е од такво нешто.

-Груби изгледа е голем оптимист. Не мислам дека е точна таа проценка. Во спорови кои траат толку долго, нијанси одлучуваат. И се додека немате договор, сте далеку од договор. Ние посакуваме проблемот побрзо да се реши. Но, додека немаме предлог на маса, рано е да се кажува дека остануваат уште деталите. Јас би била многу попретпазлива, рече Шекеринска.

Поврзани новости