Шеесет шлепери осум часа се заглавени на терминалот кај Деве Баир

by Fokus

Група од околу 60 возачи на шлепери се заглавени осум часа на граничниот терминал Ѓуешево на македонско-бугарската граница.

Како што изјавуваат превозниците, терминалот не е исчистен од снежните врнежи и најверојатно ќе останат заглавени до рано наутро бидејќи се најавуваат нови снежни врнежи. Апелираат надлежните служби да се вклучат во решавање на проблемот бидејќи, како што посочуваат, се ограничени со работни часови коишто можат да ги поминат возејќи.

Возилата кои минуваат на терминалот од Македонија кон Бугарија се движат непречено.

МИА 

Поврзани новости