„Шарената револуција“ денеска во 19 часот на нов протест

by fokus

Шарената револуција вечерва излегува на нов протест, кој како и досега ќе започне од пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.

„Правдата е под сериозна закана. Протестирам! Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам! Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните. Протестирам! Власта сака да преговара тајно. Протестирам! Власта не сака да се чуе мислењето на граѓаните. Протестирам! Протестирам со „Шарена револуција“ в понеделник (27 јуни), 19 часот, пред нашата тврдина – СЈО! Борбата за правда продолжува! Криминалот веќе нема да смее да поминува пред очите на граѓаните! Протестирам 80 денови со илјадници соборки и соборци! Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода! Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата!“, стои во најавата за протестот.

Поврзани новости