Шарената револуција денеска на голем протест, оставка од цела Влада

by fokus

За денеска е најавен протест во 18 часот пред СЈО од страна на Шарената револуција, а утре напладне ќе бидат блокираат мостовите Гоце Делчев, Слобода и Мајка Тереза.

-Уставен суд се уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство? Или планира да го укине? – прашуваат од Шарената револуција.

Тие потсетуваатдека додека се одбројуваат деновите за одговор на ова прашање, прогонот врз демонстрантите се уште трае и наместо повлекување на пријавите, се пишуваат нови прекршочни и кривични пријави. Исто така потсетуваат и на барањето за оставка на целата актуелна влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

-После најновата вест за напуштањето на бродот кој тоне од страна на Ставрески, потсетуваме дека не побаравме оставка на еден министер, туку оставка од цела актуелна влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори – велат од Шарената револуција.

„Нема да дозволиме криминалците да останат неказнети, а демонстрантите да бидат под прогон! Многу сме, моќни сме, секој/а од нас споделува силна идеја за праведна држава и слободно општество и тоа ќе го покажеме преку нашите следни дејствија!Приклучете се, продолжуваме до слобода! “ – соопштија од Шарената револуција и ги повикаа граѓаните на масовна поддршка.

Поврзани новости