Шарена револуција и за МИА

by Фокус

Синоќа активисти на Шарената револуција фрлиле боја врз Македонската информативна агенција (МИА). Во герила акцијата освен бојата, активистите напишале и „Не можеш да убиеш идеја“ и „Пукај џабе ти е“.

Утрово преку Фејсбук страниците, Шарената револуција порача:  „Вие имате куршуми, ние имаме идеи. Не можеш да убиеш идеја. Не можеш да запреш идеја. Не можеш да скриеш идеја“.