Шарена револуција и во Кавадарци

by Фокус

Вечерва кавадарчани повторно и ја дадоа својата поддршка на Шарената револуција. Со тракторот, кој што е еден вид на заштитен знак на лозарите кои што протестираат, голем број на граѓани се упатија кон собраниската зграда, каде што го изразија својот револт, фрлајќи со боја. Тие им порачаа на сите граѓани од земјава дека во недела, доаѓаат во Скопје, на масовен протест.

-Бараме Уставниот Суд да се произнесе за уставноста на СЈО, со цел СЈО да може слободно да си продолжи со работа. Бараме што побрзо формирање техничка Влада, која ќе го подготви теренот за фер и слободни избори и секако многу важно. Исто така, бараме специјален оддел во Кривичниот Суд, кој ќе биде составен од судии кои се чесни и се независни од влијанието на ДПМНЕ. Токму за да испратиме силна порака дека овие барања се клучни за да се смири ситуацијата и полека разрешува политичката криза, во недела се собираме на масовен протест во Скопје – велат демонстрантите.

На насобраните маси им се обрати професорката Татјана Прентовиќ, која е воедно висок функционер на СДСМ, која што порача дека довчерашниот министер за финансии Зоран Ставрески го напуштил бродот што тоне, но, додаде таа, нема спас за Никола Груевски.

-Изреката ,„Кај што има сила – нема правдина“ не важи повеќе. Сега ја имаме изреката „Кај што има народ, има само правдина и вистина“ – изјави Прентовиќ.

Поврзани новости