Сервер: Можно е решение за името

by Fokus

Даниел Сервер, експерт за Балканот и професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс, во изјава за МИА оценува дека е можно во 2018 година да се направи пробив во решавањето на спорот за името и отстранување на блокадата за прием на Македонија во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Коментирајќи ги оптимистичките очекувања од Скопје, Атина, но и од Вашингтон, искажани преку заменик помошникот државен секретар на САД Хојт Ји, Сервер вели дека решение може да се најде особено во однос на приемот на Македонија во НАТО.

– Да, решение, барем, за членство во НАТО, е можно во 2018 година. Иако истата работа можев да ја кажам секоја година од Времената спогодба од 1995, условите (приликите) за тоа во моментов се ветувачки – истакнува Сервер.

Поврзани новости