Селмани: ОБСЕ сериозно ги третира заканите кон мене поради убиствата на новинари во Европа

by fokus

Не е прв пат да добивам закани и да бидам провоциран од луѓе на ДУИ. Не сум ги објавил јавно заканите затоа што не сум сакал во ниту еден момент силеџиите да помислат дека навистина им се плашам.

Ги пријавувам заканите во полиција чисто да оставам трага ако некој од силеџиите на ДУИ се обиде да ги реализира нив.

Сакам да им се заблагодарам на моите колеги за солидарноста што ја покажаа со мене. Ги уверувам дека ЗНМ, без разлика на заканите и уцените што се упатуваат кон мене, нема да се откажеме од нашата заедничка мисија, слободата на говорот во Македонија да биде дел од нашите животи, а не само мртво слово во Уставот. 

Го ценам професионален однос на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и на полицајците што постапуваа во овој случај, но тоа не можам да го кажам и за обвинителката Спасенка, која не можеше да препознае очигледна закана по мојот живот. 

Му се заблагодарувам на Специјалниот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир и на целиот дипломаткси кор во Скопје, што силно застана во одбрана на слободата на говорот во Македонија. Денеска бев информиран дека овој инцидент го третираат многу сериозно во европски контекст после кукавичкото убиство на мои колеги во Малта и Словачка.

Силно верувам дека македонските граѓани се сплотени во одбрана на европски врендости кои се атакувани од одредени политички маргиналци и силеџии.

Насер Селмани, претседател на ЗНМ

Поврзани новости