Села: Закон за СЈО и специјален суд, па да одиме на избори

by fokus

Пратеникот од Алијансата за Албанците, Зијадин Села, побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се изгласа закон за СЈО и формирање Специјален суд, а потоа штом сакаат да се оди на нови избори.

-Имам чувство како да сме во предизборна кампања. Имавте мандат и тогаш постоеше декларација, но проблемот беше СЈО, а не декларацијата. Сакате да избегнете одговорност. Јас не сум од политичарите кои на своите деца сакаат да им остават иднина на мито и на корупција. Затоа, вашиот предлог за предвремени избори го прифаќам. Но, дали сте сигурни дека вашиот претседател Иванов нема да ги игра истите игри со недавање мандат, праша Села.

 

 

Поврзани новости