Села: Средбата меѓу Ахмети и Тачи послужи за омаловажување на заедничката декларација

by fokus

Лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села за ТВ 21 ја коментираше вчерашната средба помеѓу Ахмети и Тачи. Тој рече дека тоа не било средба помеѓу власта и опозицијата како што некои ја нарекуваа.

-Како прво, добро е што овие средби се јавни, бидејќи во минатото имало тајни средби кои што јас сум ги осудил, и пред и во текот на кампањата. Им честитам што барем средбата ја остварија јавно. Но, оваа средба не може да се нарече дека е средба помеѓу  албанската опозиција и албанската власт. Ја користам ова прилика да зборувам за политичката декларација или платформата, која поинаку се нарекува Албанска платформа. Таму работите се јасно напишани. Меѓу другото, на крајот на таа декларација, стои „заедничка маса на политичките партии“.Сите кои до вчера се противеа, сега се поголеми заштитници на декларацијата. Имаше две средби на заедничка маса на политичките партии, не сакам да спомнувам имиња. Има еден субјект кој не учествувал на тие средби, а сега прашува каде остана декларацијата. За жал, и вчерашната средба послужи за омаловажување на заедничката декларација. Ние стоиме зад неа и секогаш ќе стоиме, истакна Села.

Поврзани новости