Села по тепањето во Собранието, во понеделник за првпат се појавува во јавност

by Fokus

Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците во понеделник за првпат ќе се појави во јавност откако беше претепан на крвавиот четврток во Собранието, објави Арбен Таравари, генералниот секретар на партијата на својот фејсбук профил.

Тој во понеделник ќе одржи прес-конференција во 13 часот во партиските простории во Тетово.

Пратеникот Села беше крвнички претепан на 27 април, кога група насилници влегоа во Собранието и ги нападнаа пратениците од парламентарното мнозинство. Тој беше еден од најпретепаните и крвав беше влечен низ собраниските ходници. Села заврши со повреди на мозокот и скршеници.

Насилниците кои брутално го претепаа пратeникот добија 30-дневен притвор и се обвинети за обид за убиство.

 

 

 

Поврзани новости