Села не се откажува од Министерството за здравство

by fokus

Министерството за здравство им припаѓа на Алијансата на Албанците, рече претседателот Зијдани Села, по денешното Централно собрание на партијата во Гостивар. Тој бара нова средба со премиерот Зоран Заев, откако во четврток било одбиено неговото барање овој ресор да остане под капа на Алијансата.

Што се однесува до шпекулациите за негово излегување од владината коалиција, Села рече дека таквото прашање не заслужува да се разгледува.

-Точката не заслужила да биде на дневен ред за излегување на владата. Не заслужува никој од политичките актери поради нивните игри ние да дискутираме за тоа во Алијансата за Албанците – изјави тој.

Села додаде дека партијата се фокусира на реформите и дека нивната програма е дел од владината програма.

Заев недомна изјави дека местото министер за здравство му било доделено на кадар на ДУИ само поради Арбен Таравари. Според Заев, владиниот предлог, Венко Филипче е искусен за да биде имплементатор на реформите во здравството и ги има сите особини за да биде добар министер за здравство.

 

Поврзани новости