Села: Не ја напуштаме Владата, ние сме носители на реформите

by fokus

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села демантира дека партијата ќе ја напушти владината коалиција по локалните избори.

Села во изјава за Алсат-М тврди дека станува збор за шпекулации кои ги шири Демократската унија за интеграции за потребите на локалните избори.

-Станува збор за дезинформации што ги шири ДУИ во функција на локалните избори сакајќи да ги заплаши луѓето, онака како што постапувале секогаш. Тоа не е воопшто точно затоа што за тие прашања не одлучува ДУИ. Ние во Владата сме главни носители на реформите што таа ги прави и ние сме гарант за реформите. Не може гарант за реформите да биде еден политички субјект кој создавал проблеми како што е ДУИ. Затоа, станува збор само за шпекулации и пропаганда на ДУИ, ништо повеќе – вели Села.

Поврзани новости