Села: ДУИ имаше скриен штаб за поткуп на гласачи

by Фокус

За време на изборниот процес во Струга, се случуваше криминал, обвинува кандидатот за градоначалник од Алијанса за Албанците Зијадин Села.

Тој истакна дека изборите поминале со сериозни нерегуларности, уцени и купувања на гласови кои, според него, се случувале на скриени локации кои функционирале како партиски штабови.

– Да ги повикам правната држава, полицијата, да бидат поактивним, а не да дозволат да се уценуваат граѓаните и да се купува нивниот глас. Веќе имаме пријавено кај едно место кај Тинекс кај Ристо Крле како ДУИ има скриен штаб. Се носат граѓани со кола и таму и ги купуваат нивните гласови – изјави Села.

Поврзани новости