Сексистички напади кон новинарката Такева од беровскиот градоначалник

by fokus

Драги Наџински, градоначалник на Берово, упати сексистички и недолични пораки кон Даниела Такева, новинарка на регионалната ТВ Стар со седиште во Штип, пишува порталот Исток прес.

Правејќи прилог за дрвото секвоја во едно малешевско село, Такева погрешно го изговорила името на дрвото заменувајќи две букви во него. Тоа било доволен повод градоначалникот Наџински да распали по Такева преку фејсбук страницата „Берово засекогаш“.

-Оваа  e неписмена. Не знам каква награда добила, но знам кој и ја доделил.   Таа е новинарска проститутка ништо повеќе. Сега знам за овој мој коментар ќе напише нешто лошо за мене или за Берово, но се навикнавме, не е страшно, ја прочита народот- напиша Наџински.

Инаку, Такева неколку години е дописник на оваа телевизија од Берово, Делчево, Пехчево и Македонска Каменица, oд каде честопати известува и критички за определени настани. Во изборот на регионалниот центар на новинари „Исток“, токму Такева е прогласена за најдобар новинар во регионот за 2016 година.

Поврзани новости