Сефер Цаноски искрено за новата љубов, разводот, плановите за иднината: Се погледнавме во очи и се вљубивме!

by Fokus

Љубовта не избира место и време, таа едноставно се случува кога најмалку ја очекуваш – вака ја започнува својата љубовна исповест познатиот бизнисмен и сопственик на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски, кој деновиве е во центарот на вниманието на јавноста по обелоденувањето на љубовната врска со убавата турчинка Сезен Баш, но и по веста дека со сопругата Лејла, ќерка на бизнисменот Велија Рамковски ставиле крај на бракот.

За ,,Фокус’’ тој отворено раскажува за се што му се случува периодов на приватно поле, за згаснувањето на љубовта со Лејла, за судбоносната средба со Сезен на улиците на Таксим во Истанбул, за плановите со жената која го воодушевила и освоила на прв поглед.

-Без љубов е тешко да живееш, работиш и функционираш. Љубовта со Лејла згасна пред неколку години. Се трудевме да ја спасиме на многу можни начини, но не успеавме. Лани одлучивме да се разделиме. Сфативме дека е најдобрата опција за нас двајцата да продолжиме со животот и да ја фокусираме целата наша енергија на нашите деца. Драго ми е што успеавме да останеме пријатели. Со Лејла и со фамилија Рамковски сум во скоро секојдневна комуникација и имаме голема меѓусебна почит. Имаме две прекрасни деца и заедничка обврска према нив – раскажува Цанoски, кој со Лејла има син и ќерка, на кои им останал максимално посветен.

За првата средба со Сезен, вели дека доволен бил еден поглед во очи, за да им се случи љубов на прв поглед.

-Со Сезен се сретнавме сосема случајно на една од улиците на Таксим во регионот Пера, додека чекав за еден состанок. Пиев кафе на коридор во 20 милионскиот Истанбул кога се појави пред мене. Се погледнавме очи во очи и во истиот момент и двајцата го почуствувавме истото! И викам, извинете, дали зборувате англиски?, а таа ми се обрати со убав чист англиски јазик, што за Истанбул и Турција е тешко да го најдеш. Но не беше до англискиот… За прв пат во живот ни се случи љубов на прв поглед. Сезен е најискрената женска личност што сум ја запознал во мојот живот. Германска култура. Турска чесност и почит. И современа жена со широки погледи – се присетува бизнисменот за првата фатална средба со Сезен.

Вели дека таа имала своја успешна кариера во Турција, но поради љубовта се решила да остави се и да дојде во Македонија. Таа била банкарка, интернационален трговски менаџер, а имала и своја хуманитарна организација, која наскоро ќе ја регистрирала и кај нас.

-Сезен работеше во тој период за една од најголемите холдинзи во светот со седиште во Истанбул, ,,Yildirim Group od companies’’ , и даде отказ за кој требаше да чека со месеци бидејќи сопственикот на оваа корпорација многу тешко се помири со нејзиното заминување. Остави се за да дојде во Македонија поради љубов. Веќе неколку месеци живееме заедно. Сезен е банкарка и интернационален трговски менаџер, има своја хуманитарна организација и во периодов ќе ја регистрира и во Македонија. Зборува повеќе јазици и учи интензивен курс по македонски јазик. Убаво ни е и ја спремам за нова снајка полека. Животот тече понатака. А, љубовта не треба да се крие. И ќе повторам уште еднаш, ако нема љубов, многу е тешко да живееш, работиш и функционираш – изјави Цаноски.

Вики Клинчарова

Поврзани новости