Седницата за разрешување на Зврлевски ќе продолжи задутре

by fokus

Седицата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски беше прекината и ќе продолжи задутре, односно среда. И денешното продолжение на седицата помина со многу паузи и одолговлекување од страна на пратениците на опозицијата.

Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Зврлевски ма процесирано 60 отсто од случаите и ефикасноста е зголемена во неговото време како јавен обвинител, а политичка неподобност била единствената причина за негово разрешување.

Артан Груби од ДУИ наведе конкретни причини зошто Зврлевски треба да биде разрешен, но нагласи дека „не смее после Марко, да дојде Дарко“, алудирајќи на неопходноста од вистински реформи во судството.

Поврзани новости