Седницата прекината, бидејќи пратениците на ДПМНЕ требало на одат на слава

by fokus

Собраниската седница за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски беше прекината, откако тоа го побара Илија Димовски кој рече дека поради верскиот празник Петар и Павле голем дел од неговите колеги пратеници „треба да одат на слави, имендени и прослави“.

-Продолжуваме утре во 11 часот, но, ова како пракса не се трудете да го користите од утре па натаму – рече Џафери и ја прекина седницата.

Таа требаше да трае до 19 наместо до 18 часот затоа што претходно, координаторот на втората пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски побара еден час пауза за на пратениците да им се поделат стенограми од обраќањето на Зврлевски во Собранието.

Поврзани новости