Сеад Кочан веќе 36 дена е на „службен пат“

by fokus

Веќе 36 дена нема трага, ниту глас од бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ на СЈО. Според информациите на Специјалното јавно обвинителство, тој државата ја напуштил на 9 март, односно еден ден по одредувањето на мерката притвор, а до денес нема информација дека се вратил назад.

Неговиот адвокат, Никола Додевски, пак тврдеше дека Кочан не е во бегство, туку на службен пат. Според него бизнисменот заминал пред да биде донесено решението за притвор.

-Целосни невистини се шпекулациите дека осомничениот се дал во бегство од едноставна причина што нема бегство доколку во периодот кога лицето веќе се наоѓа на службен пат се донесе Решение за притвор. Токму таков е конкретниот случај – вели Додевски.

Го побаравме адвокатот Додевски да го прашаме дали неговиот клиент е се уште на службен пат, како што тврдеше пред еден месец, но не одговори на нашите телефонски повици.

Во меѓувреме, МВР распиша меѓународна потерница за бизнисменот, кој СЈО го сомничи дека со фалсификувани документи добил тендер од ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Поврзани новости