Сеад Кочан денеска треба да седне на обвинителна клупа

by Fokus

Денеска во Кривичниот суд  треба да се одржи  за рочиште за предметот „Труст“, во кој првосомничен е бизнисменот Сеад Кочан.

Освен него, во случајот осомничени се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Претходното судско рочиште на 7 ноември беше одложено, бидејќи адвокатите на одбраната ја немале добиено листата со докази што ги предлага Специјалното јавно обвинителство.

Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство Гаврило Бубевски на минатото рочиште рече дека тие до Судот ги доставиле доказите во доволен број примероци и оти според процедурата Судот е должен да и ги предаде на одбраната листите со докази покрај обвиненијата.

Според обвинението на Сепцијалното јавно обвинителство, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Поврзани новости