Се заканувал дека ќе ги убие социјалните службенички откако му била укината помошта поради фалсификат документи

by fokus

58-годишен скопјанец со иницијали Д.К. им се заканувал на службеничките во Центарот за социјални работи во Скопје, дека ќе им го одзеде животот. Причините за таквите закани биле во тоа што Центарот донел одлука да му биде укината социјалната парична помош.

Настанот во полиција ги пријавиле вработена службеничка во Центарот. Д.К. почнал да се заканува во декември, но, како што пријавиле службеничките, заканите зачестиле во последно време.

Инаку, според полицијата, на Д.К. му била укината социјалната помош затоа што било утврдено дека документите кои тој ги приложувал биле фалсификувани.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости