Се товари службеник од Битола дека пренел куќа во државна сопственост на име на радовишанец

by fokus

Битолчанец вработен како самостоен референт за геодетско катастарски  работи се товари за „злоупотреба на службената положба и овластување“ затоа што без никаков правен основ извршил промени на сопственост на куќа со деловени простории на улица „Петар Петровиќ-Његош“.

Со куќата сопанисувало Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Р.Македонија. 49-годишниот Г.Н. во 2011 година пополнил пријава за запишување на промена во катастар на недвижности, без знаење на Н.Ј. од Битола, со што ја пренел куќата во нејзина сопственост, а потоа во 2012 година со непостоечки купопродажен договор ја пренел куќата во сопственост на  Н.У. од Радовиш, велат од Министерството за внатрешни работи.

Со тоа, додаваат од МВР, Г.Н. прибавил значителна противправна имотна корист, а и нанел значителна штета на државата.

Поврзани новости