Се случила тепачка во затворот Идризово, еден од затворениците завршил на клиника

by Fokus

Во текот на вчершаниот ден се случила тепачка во затворот Идризово, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 12,15 часот во Казнено поправна установа -Затвор Идризово, во амбулантното одделение, настанала тепачка помеѓу затворениците М.З.(36) и Д.Р.(42), при што на Д.Р. му се нанесени тешки телесни повреди констатирани на Клиника за максилофасцијална хирургија, каде што е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости