Се огласи ВМРО-ДПМНЕ: Сообраќајката на Спасов е обид на СДСМ да ја дефокусира јавноста

by fokus

СДСМ нема што да им понуди на граѓаните и затоа централната тема на 40 дена пред избори му е сообраќајна незгода со материјална штета од 150 евра, се огласи партијата на Диме Спасов кој предизвика две сообраќајни несреќи и избега од полицијата.

-СДСМ е свесен дека не може да му парира на ВМРО-ДПМНЕ кога се во прашање проекти, економија, намалување на невработеност. Затоа мора да измислува и фабрикува лаги и да ја манипулира јавноста, наметнувајќи теми кои пред избори треба да го оттргнат вниманието на граѓаните од понудата на партиите. СДСМ уште еднаш го покажа вистинското лице. Не го интересираат ниту фактите, ниту институционалните постапки. Фабриката за афери ќе смисли конструкција и партијата и медиумите под контрола на партијата ќе пресудат, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека на народот му било преку глава наместо со реални проблеми, да се занимава со измислиците на Зоран Заев.

Поврзани новости