„Се крати од Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ со антикампања за ребалансот

by fokus

На собраниската дебата за ребаланс на буџетот пратениците од ВМРО-ДПМНЕ влегоа во салата со пораки во рацете напишани на транспаренти под мотото „Се крати од Македонија“. Пред секој пратеник од опозицината партија стои транспарент со ставка од предлог ребалансот која предвидува кратење на средствата. Транспарентите се насловени со хаштаг „Пројде живот.“

Денеска започна собраниската расправа за ребалансот која ќе трае пет дена. Министерот за финансии, Драги Тевдовски, во своето излагање пред пратениците посочи дека со прекројувањето на буџетската каса ќе се скратат непродуктивните трошоци и дека ќе се пренаменат средства за социјални мерки и за поддршка на домашните претприајтија.

Поврзани новости