СДСМ за предлогот на Мицкоски: Ја продолжува штетната политика на Груевски

by fokus

Блокирајќи го Законот што тие го прифатија во надеж дека ќе формираат Влада, впрочем ги блокираат реформите со што го кочат развојот на Македонија, реагираат од СДСМ на предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Владата да се откаже од Законот за јазиците,а за возврат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат реформските закони.

-Христијан Мицкоски продолжува да ги води истите политики што ги водеше неговиот претходник Никола Груевски, а коишто нанесувааат штета врз државните и интересите на граѓаните. Мицковски треба да смогне сили, вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ и да ги надмине политиките на поделби и омраза на неговиот претходник во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го прифатат концептот на едно општество, а не напразно да го споменуваат во јавноста и низ медумите. Без разлика на штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија станува модерна демократска држава и едно општество за сите граѓани, се наведува во соопштението од СДСМ.

Поврзани новости