СДСМ: За 2 месеци го намаливме долгот што го остави ВМРО-ДПМНЕ за 55 милиони евра

by fokus

„Преку домаќинско и одговорно работење, Владата предводена од СДСМ за неполни два месеци за околу 55 милиони евра го намали долгот што ВМРО-ДПМНЕ им го остави на граѓаните“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од партијата реагираат дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години тајно и нетранспарентно ги задолжуваше граѓаните, а парите од скапите задолжувања ги трошеше за лускузирање и криминално богатење на поединци.

„За разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, новата Влада предводена од СДСМ преку ребалансот ги крати непродуктивните трошења и парите ги враќа назад кај граѓаните.

Новата Влада предводена од СДСМ работи во интерес на граѓаните, а предвидените средства од задолжувањата на домашниот пазар се со цел да се обезбеди навремена и целосна реализација на Буџетот по најповолни услови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости