СДСМ: Во Министерството за одбрана недостасуваат околу 100 милиони денари за плати, осигурувања и дополнителен ангажман

by fokus

Ниту едно празно соопштение на ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие нивното 11 годиншно тајно и расипничко задолжување за луксузирање и криминално богатење на Никола Груевски и неговите соработници на сметка на осирамшените граѓани, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

„Со таквото скапо и расипничко задолжување ВМРО-ДПМНЕ ги осиромаши граѓаните и го наруши угледот на Република Македонија. Расипничкиот однос кон парите на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ ја загрози и исплатата на плати на припадниците на АРМ, како и одржувањето на мировните мисии во странство.

Поради неодговорниот однос на претходната Влада, во Министерството за одбрана недостасуваа околу 100 милиони денари за плати, осигурувања и дополнителен ангажман. Преку ребалансот на Буџетот и со рационализацијата на трошоците обезбедени се парите за целосна и навремена исплата на обврвските кон припадниците на АРМ.

Наместо тајните скапи и неконтролирани задолжувања, Владата предводена од СДСМ преку одговорно, отчетно и домаќинско работење ја намалува стапката на задолженост, ги враќа долговите направени од ВМРО-ДПМНЕ, а парите наместо за лускузузирања, ги насочува кон граѓаните и нивните потреби“, тврдат од партијата.

Поврзани новости