СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ тешко функционира во слобода и демократија

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ тешко функционира во слобода и демократија, тоа е несвојствено за нив, но крајно време е да се надминат себеси и во интерес на граѓаните на Република да ги напуштат политиките на омраза, порачаа денеска од СДСМ.

-Блокадите на Собранието значат уцени за демократијата. ВМРО-ДПМНЕ се обиде повторно со конфликт и насилство да предизвика поделби, но мнозинството граѓани ги отфрла ваквите деструктивни дејства на опозицијата. Никој не е над Уставот, а Ѓорге Иванов е должен да извршува задачи кои му се доделени со Уставот, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости