СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиките на поделби и конфликти

by fokus

Од владејачката СДСМ денеска преку соопштение велат дека ВМРО-ДПМНЕ не се отажува од политиките на поделби и изолација и на создавање тензии и конфликти.

-ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од ширење манипулации за необврзувачката Нацрт – Стратегија за бегалци и мигранти, којашто самите ја развивале и прифатиле. ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од кочењето на реформите што носат повисока минимална плата, укинување на радиодифузната такса, трајно решавање на статусот на стечајните работници и поголема државна помош за стопанството. ВМРО-ДПМНЕ не се откажа од работењето спротивно на државните и национални интереси. Со таквото однесување, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш докажа дека е против се што е афирмативно, дека е против придобивките на граѓаните и против напредокот и развојот на Република Македонија, се наведува во соопштението.

Поврзани новости