СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ повеќе не може да го замолкне гласот на граѓаните и да спречува дебата

by fokus

„ВМРО-ДПМНЕ водена од Никола Груевски и во опозиција покажува автократски режимски манири што ги поседува и затоа бесрамно признаваат дека се против отворена дебата со граѓаните, невладините организации и целокупната јавност. ВМРО-ДПМНЕ не може да го замолкне гласот на граѓаните и на критичката јавност и да ја спречува дебатата како демократска вредност“, се вели во соопштението за јавноста од владеачката партија СДСМ.

Тие велат дека граѓаните на Македонија после цели 11 години узурпиран државен систем и заробени институции, ги почувствувале придобивките од демократското владеење на новата реформска Влада предводена од СДСМ.

„Демократските процеси незапирливо продолжуваат во насока на спроведување на реформите што се во интерес на граѓаните и државата и што ќе донесат правда, еднаквост и квалитетен живот за сите.

Транспарентноста, отвореноста и демократскиот однос кон граѓаните и медиумската јавност што новата Влада ги покажува во своето работење за ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски се мисловна именка“, се додава во соопштението.

Поврзани новости