СДСМ: Вистински тајминг Никола да го смени Никола

by Фокус

Во време кога парламентот дебатира за избор на нови министри во Владата, пред се оние на опозицијата, СДСМ го повика Груевски да ја искористи седницата и да го смени министерот за здравство Тодоров. Во сооптшението на партијата се наведува:

„Никола Груевски му дозволува на Никола Тодоров да го загрозува животот на пациентите и на лекарите. Никола Груевски молчи за скандалите што го тресат здравството. Денеска за жал има нов смртен случај на бебе во Битолската болница. Според Евростат 229 бебиња починале во 2013 година во Македонија. Во Велес на интензивна нега син на пациент вербално нападнал лекар, во последен момент бил спречен инцидент.

Според последни информации и денеска директори назначени од ВМРО-ДПМНЕ под притисоци на Тодоров влечат хирурзи во операциски сали. Млади хирурзи оперираат под стрес. Пациенти легнуваат под нож во стрес. Чекалните се полни со семејства под стрес. Искусни хирурзи не оперираат. Со нив, се солидаризираат лекари од повеќе градови низ Македонија.

Револтот кај лекарите е зголемен затоа што претседателот на Лекарската комора потпишал Спогодба што тие не ја виделе и не ја одобриле. Велат дека органите и телата на Комората не биле свикани, Спогодбата е партиски манифест на ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски и Никола Тородов ги спасуваат тендерите и сомнителните зделки во здравството наместо пациентите и лекарите. По сите смртни и сомнителни случаи за време на министерувањето на Тодоров, поради се што им направи на лекарите и пациентите, граѓаните велат доста е.

Поврзани новости